Оштетен муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани

- Локални
539
Само два дена по промоцијата на Василичарскиот мурал  „Василичарска епопеја“ во Вевчани,   реализиран со поддршка од Министерството за култура, веќе е оштетен од засега непознати сторители.
Министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска остро го осуди овој чин и побара постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото
-Остро го осудувам вандалскиот чин на оштетување на муралот „Василичарска епопеја“ во центарот на Вевчани, поддржан од Министерството за култура. Монументалното дело, прво во Вевчани е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро.
Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид.
Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција.
Очекувам осуда за ваквиот чин и од локалната власт и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани.-стои во објавата на министерската.
Strugaonline

Facebook Коментари