На 26.06.2021 година (сабота) во организација на ПЕД Закамен, ќе се одржи осмиот традиционален планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в).
Поради тековната состојба со пандемијата на КОВИД-19, планинарскиот марш трае само еден ден, со помал број учесници, како и со почитување на заштитните мерки и протоколи.
ПРОГРАМА:
Сабота (26.06.2021)
• 08.00 часот – собирање на групите во с. Горна Белица, тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.м.в)
• 11.00 часот – пристигнување на врвот и собирање на сите планинари.
• 12.00 часот – напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
• 15.00 часот – пристигнување во Горна Белица.
• 16.00 часот – одмор и планинарско дружење (дозволено е планинарите да преноќат во шатори).

НАПОМЕНИ:
1. Пријавување најдоцна до 23.06.2021 година (петок) – на тел. 078/217-597 (Димитри) или на e-mail: [email protected] и на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
2. Задолжителна пријава за учество со број на членови.
Планинарско друштво/клуб: ____________________________________________
Презиме и Име / бр. лична карта или бр. на пасош
Датум м.п. Планинарско Друштво
Доставување на пријавите на e-mail: [email protected].
3. Секој учесник на овој настан со пополнување на горе наведените податоци, под полна одговорност, потврдува дека ја прифаќа програмата на ПЕД „ЗАКАМЕН“ за манифестацијата „Црн Камен 2021“, дека ќе се придржува до истата, е здрав, ја носи потребната планинарска опрема, осигуран е од несреќен случај и е во добра психофизичка состојба за ваков вид на планинарење!
Доколку некој од учесниците не е подготвен спрема препораките, можно е да добие препорака да не учествува во маршот, во спротивно самостојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество.
Сите учесници кои сметаат дека имаат добра кондициска спремност и се издвојат од групата, самите ги сносат последиците од евентуалните повреди и останати здравствени проблеми.
4. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за влажни услови.
5. Се опоменуваат учесниците да водат сметка околу дисциплината за време на маршот и на екологијата, односно да не оставаат отпадоци зад себе.
6. Организаторот ги задржува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.
7. Храна од ранец.
8. ПЕД „ЗАКАМЕН“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници.

Facebook Коментари