Осмо издание на фестивалот „Drim Short 2024“ од 8-ми до 11-ти август во Струга

- Локални
225
Под мотото ,,Бесконечна слобода“, од 8-ми до 11-ти август во Струга ќе се одржи осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“.
Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, во кои организаторите најавуваат филмови  во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач. И годинава нема да изостане промоцијата на македонски филмови, како и едукативниот дел од фестивалот.
-Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.
Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.-информираат од дирекцијата на фестивалот.
Според највата, ,музичката програма оваа година ќе се фокусира на домашни изведувачи.  Фестивалот ќе го отвори групата Фолтин  со целовечерен концерт, а завесата ќе биде спуштена со настап на групата Искра, која со себе носи информации од иднината.
 Drim Short 2024 ќе биде реализиран во соработка со Министерството за култура, Форум ЗФД Скопје, Europe House Struga, НУЦК Браќа Миладиновци – Струга, Еко-Свест, Хотел Дрим, Струшки вечери на поезијата, Мезе бар Кингстон и Мезе бар Барабар.
Медиумски покровители на фестиавлот и оваа година се Play Radio и Филм+.
Strugaonline

Facebook Коментари