На 5-ти јуни 2018 година, на ракометното игреалиште во Струга се одржaa спортски активности во кои учествуваа 85 ученици од трето одделение од различни етнички заедници. Учениците кои учествуваа во овие активности се од основните училишта “Ашим Агуши“, “Климент Охридски“, Јозип Броз Тито“ и Браќа Миладиновци“.
Активностите беа организирани во рамките на Проектот на УСАИД „Унапредување на социјалната кохезија”, чија основна цел е развивање на интеракција меѓу децата и младите како и да се подигне нивото на интеркултурно образование од децата во градинките и основните училишта.
Strugaonline
фото: Општина Струга
Facebook Коментари