„Основното општинско музичко училиште“ – Струга ги отвара вратите за струшките деца за учебната 2021/2022 година.-информираат од Општина Струга.

Децата од нашата општина ќе можат бесплатно да учат пијано, виолина, гитара, кларинет, саксофон, труба, флејта, ударни инструменти, соло-пеење, хармоника согласно државните наставните планови и програми.
Во ООМУ – Струга ќе можат да се запишат деца, што во учебната 2021/2022 година се запишани во редовна настава во некое од основните училишта во општината.
Уписите во „Основното општинско музичко училиште“ – Струга ќе се реализираат од 23-ти август 2021 година до 10-ти септември 2021.
За повеќе детали во врска со уписите следете ја фејбук страницата на училиштето: ООМУ – Струга / SΗFKM – Strugë или обратете директно до лицата за контакт: проф. Алтин Зиба – директор на ООМУ – Струга (070- 368-616) и проф. Димитри Кумбароски (076-467-770)
Адреса: ул ,,Наум Наумовски-Борче“ (старата градинка 8-Март).
Strugaonline
Facebook Коментари