Осветена црквата Св. Никола во село Вишни
Со црковна церемонија вчера на големиот празник посветен на Св. Петка беше осветена црквата Св. Никола во село Вишни, изградена по иницијатива на црковниот одбор и граѓаните на селото.

Свечениот чин на осветување на црквата и литургијата ја водеше Отец Васко Голабоски, парохиски свештеник, беше осветена вода, верниците се причестија, а беше поделена и нафора.

Црквата Св. Никола е отпочната да се гради во 1999 година, а комплетно е завршена во 2007 година од семејството Трповски и со помош на граѓаните. Изградена е на место каде претходно постоела стара црква, во соработка со Дебарско- кичевската епархија.

Фото: Данче Секулоска
StrugaOnline

