Фондацијата Миладиновци, основана од потомците – Ристе Миладин и неговите синови Димитрија и Константин, по повод годишнината од раѓањето на Браќата Миладиновци, распишува отворен поетски конкурс на тема „Спомени за Браќата Миладиновци“.

Право на учество имаат сите поети од Македонија и пошироко кои ќе испратат една своја необјавена песна на македонски јазик, тематски посветена на Браќата Миладиновци. Песната може по избор да биде преведена и на друг јазик. Песните да се напишани на кирилично писмо и да не се подолги од 48 реда. Авторите да испратат и своја кратка биографија.
Краен рок за испраќање 15 септември 2025 година, а песните да се испраќаат на: [email protected]
Избраните творби ќе бидат разгледани од стручна комисија составена од литерати, професори и културни работници. Одбраните песни ќе бидат објавени во посебна тематска збирка со наслов: „Спомени за Браќата Миладиновци“.
Збирката ќе биде промовирана на 15 ноември 2025 година во 12:00 часот, во Спомен-домот на Браќата Миладиновци, на промоцијата ќе бидат поканети сите застапени автори во книгата, а најуспешната песна ќе ја добие наградата „Миладиновско слово“.
StrugaOnline
Facebook Коментари