Отворени денови на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле од 18-20 април 2022

- Локални
413

Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле од Охрид во рамките на своите промотивни активности организира Отворени денови од 18 – 20 април 2022 год. од 12 – 14 часот. Отворените денови се организираат со цел да се промовираат студиските програми на УИНТ пред матурантите и нивните родители. Исто така, во текот на отворените денови ќе има презентации од компаниите со кои Универзитетот има воспоставено соработка со цел да се претстават можностите за пракса и работа на идните студенти. Се покануваат сите заинтересирани лица да го посетат Универзитетот во текот на отворените денови и да се запознаат со условите за упис и студирање на УИНТ Св. Апостол Павле во Охрид.

 

Facebook Коментари