Лев банер Десен банер

Оваа година во Струга продолжуваат традиционалните Бадникови поворки

После пауза од две години поради пандемијата, оваа година во Струга продолжуваат традиционалните Бадникови поворки.

,,Бадниковата поворка ќе се одржи на 6-ти јануари. Ги замолуваме сите дечиња да дојдат во што поголем број. Во недела, на 18-ти декември во 11:00 часот во храмот Свети Ѓорги да дојдат сите дечиња кои сакаат да бидат дел од поворката, за да ја одржиме првата проба за пеење на песничката ,,Вечниот Бог“- изјави Лидија Николовска, организатор на Бадниковите поворки во Струга.

Како и претходните години, така и оваа , во дворот на црквата после поворката ќе има закуска и секое дете ќе добие новогодишно пакетче.

,,За да имаме точна бројка за пакетчиња ги замолуваме родителите да ги пријават своите деца за учество и да ги донесат на пробата. Очекуваме голем интерес за учество, а со самото тоа ќе има потреба од голема бројка на пакетчиња. Во време на еконоска криза не е лесно да се најдат донации, затоа апелирам до сопствениците на бизниси да го поддржат ова благочестиво дело.,,-додава Николовска.

За повеќе информации можете да се обратите на следниве телефонски броеви:

070 322 104 Лидија и 078 729 931 Мими

-Вашите срца нека постанат Витлеемски пештери во кои ќе се роди Богомладенецот Христос. –  е пораката на Лидија за сите верници.

Strugaonline

фото: архива

error: