Оваа сабота поетско-музичка катизма „Волкот на Љубовта“ и музичкиот проект „Трето колено“ во Europe House Struga

- Локални
5
Оваа сабота во Europe House Struga ќе се организира настан каков што одамна не имало во Струга.
Поетско-музичка катизма „Волкот на Љубовта“ каде Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски низ збор и музика ќе не прошетаат низ најубавите љубовни стихови од македонската поезија – Конески, Шопов, Андреевски… Ќе оживеат и безвременските љубовни песни од македонските фестивали од 20 век – Еден бакнеж, Нежност, Празно е знај… Покрај тоа ќе слушнеме и нивни авторски песни.
Исто така за првпат во Струга: мистичниот музички проект „Трето колено“ – современа авторска музика на Деки и Пеце Брада Траковски – комбинација од вокал, гитара, перкусии, хармоника и глокеншпил.
Настанот ќе се одржи во сабота 23 август, со почеток во 20:00 часот во Europe House Struga.
StrugaOnline

Facebook Коментари