Оваа сабота во Струга ќе се одржи првата работилница за развивање на креативни бизнис идеи која се одржува во рамките на проектот „Создавање на претприемачки вештини и креативни бизнис идеи кај младите“ во рамките на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.
Целта на ова работилница е да се обучуваат младите како да создаваат креативни бизнис идеи и истите да ги спроведуват во пракса како можности за основување бизнис.
Обуката ќе биде спроведена според познатата ЦЕФЕ методологија од страна на реномираниот обучувач Јован Сталевски, воедно и претседател на ЦЕФЕ Македонија, и на крај на циклусот ќе бидат споделени сертификати за учество.
Работилницата е отворена за млади од 18 до 25 години и бројот на учесници е ограничен. На работилницата ќе се работи со практични примери и идеата која ќе се развива за време на работилниците на крај ќе може да се презентира како бизнис план.
Facebook Коментари