Oвации и силни аплаузи за струшките виолинисти Марија Џуклеска и Андреј Наумоски на концертот ,,Младите доаѓаат“

- Локални
551
 Во големата сала на Македонската филхармонија се одржа традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“ посветен на новите музички таленти во земјава. Под диригентскатапалка на маестро Ангел Спироски покрај останатите ученици од музичките училишта во Охрид, Битола и Скопје, настапија виолинистите Марија Џуклеска (четврта година) и Андреј Наумоски (втора година) од Средното музичко училиште од Струга, кои учат во класата на професорката Милена Крстевска.
Тие го изведоа Двојниот виолински концерт во d-moll од Јохан Себастијан Бах.
-Изведбата на Марија и Андреј беше не само технички беспрекорна, туку и емоционално исполента, прикажувајќи длабоко разбирање за комплексната структура на делото. Нивната синхронизација и интерпретација беа на ниво кое ретко се гледа кај млади музичари, а овациите од публиката беа повеќе од заслужени. Присутните, вклучувајќи ги и нивните соученици од Струга, ја наградија оваа инспиративна изведба со бурни аплаузи информираат  од ДМУ-Струга.
За да учествуваат на овој реномиран концерт, Марија и Андреј поминаа низ строга селекција на општинско и државно ниво , а потоа и аудиција во Македонската филхармонија.
Strugaonline

Facebook Коментари