Овој петок летна филмска вечер под отворено небо во Струга
Љубителите на филмот и летните настани овој петок ќе имаат можност да уживаат во бесплатна филмска проекција под отворено небо на стадионот „Караорман“ во Струга.
Настанот е наменет за сите генерации и нуди можност за пријатна вечер во опуштена атмосфера. Организаторите ги повикуваат посетителите да понесат прекривка за пикник или камперско столче, омилени грицки и да уживаат во филмска авантура на големото платно.
Вратите ќе бидат отворени од 20:00 часот, додека проекцијата ќе започне во 20:30 часот. Посетителите се советуваат да пристигнат малку порано за да си обезбедат добро место.
Филмот ќе се прикажува на англиски јазик со титлови на англиски јазик и е соодветен за сите возрасти, при што организаторите потсетуваат дека децата треба да бидат во придружба на родител.
Влезот е бесплатен, а влезот на стадионот е обезбеден по забавниот парк, пред ресторанот „Ванила“.
Летната филмска вечер е во организација на Американско катче Струга и Општина Струга.
StrugaOnline

