Овој викенд во Охрид ќе се одржи Националното поединечно првенство во атлетика за сениори/ки.

- Локални
1155

После „Охрид трчаТ“ следува уште еден спортски викенд во Охрид.  Во сабота и недела ќе се одржи Националното поединечно првенство во атлетика за сениори/ки.

Во сабота натпреварот е закажан за 17 часот, а во недела од 10 часот, истите ќе се играат на стадионот при СРЦ “Атина Бојаџи”.

Последениот натпревар ќе биде критериум и  „виза“ за престојното Европско екипно првенство (3 лига) кое ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Марса, Малта. Ќе можат да се пријават и учествуваат атлетичари родени 2001 година и постари доека кај фрлање ѓуле и кладиво мажи, натпреварувачи родени 1999 година и постари.

Првенството е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а како технички организатор се јавува Атлетскиот клуб “Охрид”.

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

Facebook Коментари