Денеска се одбележува Светскиот ден на театарот, 27-ми март.
По повод Светскиот ден на театарот, вечерва од 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи панел дискусија за „Процесот на создавање на театарска претстава“ и „Важноста на театарот во општеството“. Ќе говорат дел од членовите на ансамблот на Народен театар Охрид. Настанот ќе се одржи во малата сала, а влезот е бесплатен.
– Настанот е наменет за средношколци и млади, но добредојдени се сите љубители на театарот, порачуваат од Народниот театар Охрид.
StrugaOnline
Facebook Коментари