,,Парада на танцот“ денеска во Струга

- Локални
726

29-ти април е Светски ден на танцот. Одбележувањето на овој ден е долга традиција во многу земји во светот. Благодарение на Студиото за танц ,,БАХ“, одбележување ќе има и во Струга.

Танц парадата ќе започне во 14:00 часот. Балерините најпрво ќе продефилираат низ центарот на градот, а централниот настан ќе се одржи во Градскиот парк со почеток во 15:00 часот.

Баховки со свои кореографии ќе го слават денот на танцот во непосреден контакт со публиката која може да им се придружи и да танцува со нив.

Интернационалниот танцов комитет го прогласи Светскиот ден на танцот во 1982 година, а 29 април е избран бидјќи е датум на раѓањето на Жан Жорж-Новер , реформатор во танцот и творец на современиот балет.

Strugaonline

Facebook Коментари