Песна од Стојан Кукунешоски објавена во овогодишниот зборник „Зборот на Конески“
Од струшкиот автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ, објавена во овогодишниот зборник „Зборот на Конески“ 2023, која беше избрана на конкурс, кој фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ традиционално го објавува секоја година.

Во зборникот на Конески, насловен Зборот на Конески, во издание на Културен едукативен центар „Небрегово“ – 2023 , за издавачот Живко Цветковски, а извршен директор Атанас Конески, поместени се песни посветени на великанот Блаже Конески, во неколку групии тоа: 17 основни училишта, 11 средни училишта, и на студенти од четири факултети, како 22 возрасни автори.
Во делот од возрасни автори меѓу нив е и авторот од Струшко Подгорци, Стојан Кукунешоски со песната посветена (на великанот Блаже Конески) – ВО НЕГОВАТА РОДНА КУЌА.
Овогодишниот зборник „Зборот на Конески“ – ќе биде промовиран во пресрет на Денот на независноста на нашата република 8 Септември, во родната куќа на Блажа Конески, во прилепското село Небрегово, каде што ќе настапат и самите автори.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
ВО НЕГОВАТА РОДАНА КУЌА
(На Блаже Конески)
Небрегово е селото негово
од калдарма стрмна,
се извива пат,
в црква свеќи се палат,
небосводот стануба злат.
И се јавува неговиот лик
и насмевката што не гали.
Удрете ѕвона, нека се чуе,
од котлиња со крст
и босилок и вода,
се осветува тритомниот Речник
додека капи од свеќите
збор по збор, зборољубе
со над стоилјади збора
и трајно и бескрајно човекољубие.
Попрскајте ги со света вода
Позлатените триесет и една буква
за век и веков имаме ука.
Осветете ја и благословете ја
нашата црква и вера
како везилка што вези,
јазик благоглатлив, вечен
и историја
за Македонија.

