Повторно сме му потребни на Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне. Пред него сега се две сложени операции во Истанбул, за кои информира неговата мајка, Гордана.
– Почитувани пријатели, ова е мојот син Петар кој има 23 години. Јас сум самохрана мајка која се бори со години за својт син кој има ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Од негови три месеци талкаме по болници како кај нас така и во странство. На негови 12 години се откри од која болест боледува мојот син Петар во Хајделберг Германија. Но веќе беше касно да целосно оздраве само со лекот кој го зема за неговата болест. Потребно е да се отстранат последиците и да оди на интензивна физикална и роботска терапија. Се појавија многу последици како Сколиоза, која пред една година, благодарение на хуманите луѓе беше опериран. Но, денеска се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест. Потребни се две операции на зглобовите поради болка и деформитет кои мора да се направат во Истанбул кај познатиот професор Чагатај Озтург во Лив Хоспитал. Затоа ве молам, доколку знаете што значи борбата и љубовта на една мајка за своето дете, да го застане на нозе, да ми помогнете колку можете. Ви благодарам од срце, вели мајката на Петар.
Начини за донирање:
Броеви за донации: А1 143-470 Т-мобиле 143-173
Трансакциска сметка: Гордана Попоска 270-700082176021 HALKBANK
IBAN: MK07270700082176215 SWIFT: EXPCMK22
Линкот за донирање во странство е преку GoFundMe.
Можете да донирате и од Македониja и странство со картички на PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut без разлика на која валута ОВДЕ.
Извор: ОхридПрес
StrugaOnline
Facebook Коментари