Петмина возачи во Струга казнети поради престигнување на забранети места

На 13.08.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни и на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-10, Струга-05, Кичево-03, Дебар-04).
Извор: СВР Охрид

