Петти по ред меѓународен фестивал „Смотра на Ветерани“ оваа сабота во Струга

- Локални
25
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во големата сала, на 6-ти септември (сабота), со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи петтиот по ред меѓународен фестивал – Смотра на ветерани, во организација на КУД Ѓердан од бисери од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Влезот е 100 денари, а предвидена е богата програма со дефиле низ градот и голем концерт во Центарот за култура со учесници од повеќе држави:
1. „Распеани стружани“ – Струга, Р. Mакедонија
2. ФД „JА ВОЛИМ ФОЛКЛОР“ – Нишка Бања, Р. Србија
3. КУД „ДАЛГИ“ – Охрид ,Р. Македонија
4. СПКД „ПРОСВЈЕТА“ – Брчко, Р. Босна и Херцеговина
5. КУД „ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ“ – Охрид, Р. Македонија
6. Удружење „ФОЛКАРТ“ – Обреновац, Р. Србија
7. ДННТ „ИСКОН ВЕТЕРНИ“ -Шимановци, Р.Србија
8. КЛЦ „Буда Томович“ – Подгорица, Р. Црна Гора
9. КУД „Дејан Јованович-Деша“ – Тешица, Р. Србија
10. КУД „Јелече“ – Нови Београд, Р. Србија
11. АФ „Ратислав Благојевиќ“ – Београд, Р. Србија
12. ФА „Мегдан“- Богданци, Р. Македонија
13. КД „Марко Белтинци“- Белтинци, Р. Словенија
Проектот е со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на РСМ.
StrugaOnline

Facebook Коментари