Во рамките на програмата на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ кое годинава се одржува под мотото „Патот до Магијата“ , вечерва во катедралната црква Света Софија со почеток од 20 часот и 30 минути концерт ќе одржи рускиот пијанист Aлександер Синчук
Aлександер Синчук е пијанист и лауреат на интернационалните натпревари по пијано. Неговата успешна кариера започнува после освојувањето на првото место на четвртиот интернационален натпревар “Сергеј Рахманинов” во Москва, 2008 год., после што деветнаесет годишниот пијанист одржал соло рецитал во Њу Јорк. Денес, неговите концерти се одржуваат ширум Русија, како и во Украина, Србија, Бугарија, Италија, Шпанија, Австрија и др. Добитник е на бројни награди, како што се Prix Du Piano Interlaken Classics (Берн, 2013) и 9-тиот интернационален наптреват за млади пијанисти во чест на Владимир Хоровиц (Киев, 2012). Го опишуваат како бистар, емотивен и моќен пијанист, кој и покрај овие моќни квалитети не ја изгубил извонредната, тажна поетичност. Негоиот стил го споредуваат со оној на Рахманинов, чии што идеи го восхитуваат и кои совршено ги чувствува и разбира.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари