Планински спасувачи од Црвен крст-Охрид спасија двајца странски државјани кои се изгубиле

- Локални
763

На 26.05.2019 година, во 20:25ч. Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, преку СВР Охрид добила дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани.

Од охридскиот Црвен крст информираат дека оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапил во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредил нивната локација, на 1,5км југоисточно од с.Пештани, по што започнала акцијата за нивно безбедно извлекување. Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му биле потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата завршила рано утрото на 27.05.2019г. 30 минути по полноќ.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари