Плеј Радио 90.4 ФМ денеска слави петнаесет години постоење.
На 2-ти јуни 2010 година, Плеј радио започна да зрачи во македонскиот етер. Со скромни но квалитетни чекори се градеше тимот кој и ден денеска го разубавува секојдневието на редовните слушатели чии позитивни критики се мотив да бидеме се’ подобри.
Имајќи ги во предвид различните музички вкусови, се трудиме сите да бидат задоволни. Затоа имаме богата музичка програма која вклучува и стари и нови хитови.
„15 години успешен опстанок во етерот е посебна чест за нас, уште од првиот ден работевме со љубов и посветеност. По професионални стандарди изградивме екипа која го знае вкусот на слушателите кога станува збор за музичкиот избор, а новинарите во екипата се грижат за точно и навремено информирање. Во изминативе петнаесет години пораснавме и созреавме, а Плеј Радио доживеа и свои технички унапредувања за сето ова да биде комплетно успешна приказна. Се движиме во чекор со модерното време, а ја задржуваме старата добра магија што ја создава радиото како медиум“. – велат од екипата на Плеј Радио.
Екипата на Play radio има многу свои редовни слушатели, а тоа е најголемо признание за квалитетот на медиумот. Така ќе продолжиме и во следните петнаесет години!
Play radio
Facebook Коментари