Лев банер Десен банер

Пливачки базен „Струга“: Водата во базенот е безбедна и не е поврзана со градскиот водовод

Пливачкиот базен „Струга“ ги информира сите корисници на базенските услуги дека водата во базенското корито нема никаква поврзаност со водата од градскиот водовод, која деновиве беше квалификувана како загадена, односно неподобна за пиење.

Од управата на базенот појаснуваат дека системот за вода во објектот функционира целосно одвоено и во затворен круг. Водата во базенот е подложена на постојан процес на филтрација и третман за прочистување, со што се обезбедува нејзина хигиенска исправност.

„Водата во базенот е целосно исправна и безбедна за користење, односно за пливање. Таа редовно се контролира и анализира од страна на Центарот за јавно здравје“, информираат од Пливачкиот базен „Струга“.

Од таму апелираат до граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации и нагласуваат дека сите активности во базенот се одвиваат непречено и во согласност со здравствено-безбедносните стандарди.

StrugaOnline

error: