Лев банер Десен банер

По четврти пат, Саем на медот во Струга

Во организацја на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, Сојузот на пчелари на Македонија, помогнато од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, од 3-ти до 5-ти август, по четврти пат, во Струга, ќе се одржи востановената манифестација „Саем на медот, Струга, 2018“.

Мед и други пчелни производи ќе бидат изложени на Плоштадот на Револуцијата во Струга, а на саемот ќе учествуваат поголем број на излагачи – пчелари од Македонија и странство.

Саемот на медот ќе го отвори градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко.

Strugaonline

error: