По повод Светскиот ден без тутун, ЦЈЗ Охрид ќе реализираат едукативни работилници за штетноста на пушењето

- Локални
197

Под мотото „Да ги заштитиме децата и младите од влијанието на тутунската индустрија“, денес се одбележува Светскиот ден без тутун со цел да ја подигне јавната свест за новата мета на тутунската индустрија – децата и младите.

По повод Светскиот ден без тутун стручниот тим на Центар за јавно здравје Охрид ќе реализира едукативни работилници со младите во средните училишта со цел да се истакне штетноста на пушењето цигари врз здравјето, а Советувалиштето за одвикнување од пушењето при Центар за јавно здравје Охрид е отворено секој работен ден за сите оние кои сакаат да се информираат и ги дополнат своите знаења за штетноста на тутунскиот чад.

Пушењето како причина за смрт се поврзува со околу 7.2 милиони смртни исходи во светот, годишно. Тутунот убива приближно половина од своите корисници, одземајќи така повеќе животи отколку сидата, маларијата и туберкулозата заедно.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари