Почина поранешниот пратеник на СДСМ од Струга, Стојче Ковачески
Вчера во Струга на 80-годишна возраст почина Примариус Д-р Стојан Ковачески, член на СДСМ и поранешен пратеник.

Роден е 1941 година во Струга. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар на село, бил специјалист-интернист и директор на Заводот за нефрологија во Струга.
Беше претседател на Општинскиот синдикален совет – Струга, член на Сојузниот одбор на Синдикатот за здравство, член на Централниот одбор на Претседателството на СДСМ.
Беше пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ во два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година.
Беше член на пратеничките групи на македонското собранието за соработка со Парламентите на Руската Федерација и на Република Монголија.
