Лев банер Десен банер

Почнаа подготовките за новогодишната магија во Струга

Во тек се подготовките за поставување на новогодишните куќарки, кои официјално ќе бидат отворени на 20 декември. Со ова започнува празничната атмосфера што ќе го разубави центарот на градот и ќе им понуди на граѓаните и посетителите пријатен простор за дружење, забава и уживање во новогодишниот дух.

Оваа активност е дел од Новогодишната програма на Општина Струга, која и оваа година има за цел да создаде топла, жива и празнична атмосфера, со содржини наменети за сите генерации.

Ве очекуваме да бидете дел од празничната приказна на Струга, порачуваат од Општина Струга.

StrugaOnline

error: