Под контрола e пожарот во близина на Делогожда, се работи на целосно гаснење

- Локални
286

Ставен е под контрола големиот пожар што вчера попладне ја зафати шумата во близина на струшкото село Делогожда, информира командирот на Територијалната противпожарна единициа Струга, Фети Мазари.

Тој додаде дека на терен се две возила на струшката пожарна со седуммина пожарникари, а како што рече, треба да пристигне и екипа на јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница „Јабланица“.

-Теренот не е пристапен, но засега нема опасност од ширење. Бараме начин за целосно гаснење на пожарот. Многу ни помогна гаснењето од воздух со хеликоптер на МВР, што вчера беше испратен по барањето помош од Центарот за управување со кризи, изјави Мазари.

Тој посочи дека е опожарена голема површина со багрем, даб и бор, а причината за настанување  на пожарот допрва ќе се утврдува.

МВР соопшти дека на терен е пратен хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, кој исфрлил над 20 тони вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.

Strugaonline

Facebook Коментари