Во рамки на годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите, координаторката за еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Струга, г-ѓа Сервер Шашко, во соработка со Општа болница Струга, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми март, поделија подароци и цвеќиња во гинеколошкото одделение за новороденчиња и нивните мајки и во педијатриското одделение за хоспитализираните деца, нивните мајки и секако женскиот медицински персонал.

–Посебно задоволство е да се видат насмевки кај децата, нивните мајки и медицинскиот персонал, бидејќи пред се мора да бидеме хумани, да го споделуваме она што го имаме со другите.
На новороденчињата им посакуваме долг живот, на пациентите брзо закрепнување и на медицинскиот персонал посакуваме здравје, да се грижат за себе за да можат да се грижат за нас кога ни треба,-стои во општинското соопштение.
Strugaonline
Facebook Коментари