Подземна дупка на улица Боро Хаџиев во Струга – потенцијален ризик за граѓаните!

- Локални
1098

Општина Струга ги информира граѓаните дека  на улицата Боро Хаџиев во Струга, според сегашната ситуација од внатрешните сеизмички движења на земјиштето во оваа област е формирана подземна дупка која што претставува потенцијален ризик за граѓаните.

„Општина Струга ќе преземе мерки за потребната геомеханичка анализа и соодветнаата интервенција. Бараме од граѓаните да покажат разбирање и да бидат внимателни кога се движат по овој пат.“ – апелираат  од Општината.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари