Утре со почеток во 13. 00 часот во КИЦ „Култура 365“ во Охрид, ќе се одржи поетско читање во чест на холандскиот писател и голем пријател на Македонија А. ден Долард. Со тоа ќе се одбележат 117 години од неговото раѓање.
Сите заинтересирани поети кои сакаат да се претстават со свои дела, можат да испратат три кратки песни по свој избор на адреса: [email protected]
А. ден Долард беше најголемиот промотор на Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија. Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид каде што денес постојат споменик и спомен-собата во рамките на КИЦ „Култура 365“.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари