Во најновиот број на црногорското книжевно списание „Неказано“, со поетски записи застапени се македонските поети Даниела Андоновска Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска и Петко Шипинкаровски.
Уредник на списанието „Неказано“ е црногорскиот писател Лабуд Н. Лончар, а препевите се на Борче Панов, Снежана Алексиќ Станојловиќ и Виолета Пачевски.
По овој повод, Ревијата „Брнувања“ од Струга им упати искрено честитки на македонските поети и благодарност до списанието „Неказано“ за поддршката.
Strugaonline
Facebook Коментари