По повод одбележувањето на 75 години од конечното ослободување на Република Македонија, меѓународната ревија за литература „Бранувања“ и манифестацијата „Струшки книжевни средби“,денеска во хотел „Београд“ организираат поетско матине. Настанот ќе почне во 12:00 часот со настап на поетите кои што веќе се пријавија за учество.
Поетскиото матине го има мотото „Песна за песната“ со што во исто време ќе се одбележи и раѓањето на Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, испеана во Струга на новогодишната ноќ меѓу 1941/1942 година, од македонскиот поет, Владо Малески.
Раководството на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, донесе одлука постхумно да му додели Златна благодарница на Владо Малески, во знак на трајна благодарност за неговиот придонес во НОВ и повоена Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари