„Погледнете ја својата иднина!” е настан наменет за средношколци (15-18 години) кои се заинтересирани да научат повеќе за процесот на аплицирањето на универзитетите во странство, начинот на студирање и слично.
„Настанот ќе се одржи на 11.12 (вторник). Доколку сте избрани да учествувате, на вашата меил адреса ќе бидат испратени дополнителни информации поврзани со настанот.“ – информираат организаторите од LDA Struga.
Сите заинтересирани можат да се пријават ТУКА
Активноста се организира во рамки на проектот „Подобри се – Зајакни ја својата заедница“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна здружението Локална агенција за развој – Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари