Полицијата пронајде четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица кај Пештани

- Локални
604
На 02.07.2020 година во 00.00 часот, при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро, кај  Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари