На 22.03.2023 околу 18.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(38) и Х.Г.(40), двајцата од Охрид. При преглед во патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари