На 15.07.2020 година околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, В.Ќ (31) и А.Ќ.(28) двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.
-Тие, упатиле навредливи зборови а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари