На 12-ти овој месец, во 20:20 часот се случил помал пожар во Казнено поправната установа „Затвор Охрид“.
– Вработен во затворот пријавил дека пожарот избувнал во една од собите во притворското одделение, каде 31-годишниот Л.М. од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат, информираат од МВР.
извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари