Помалите пионерки и сениорките на ЖКК Струга 2009 со победи а кадетките со пораз во ова коло
Помалите пионерки на ЖКК Струга 2009 со голема победа се враќаат од Охрид, ЖКК Колибри – ЖКК Струга 2009 18:43 (05:04; 02:18; 03:10; 08:11)
Најефикасни кај стружанките беа: Дукоска Моника со 14 поени, Кајмакоска и Матеска со 9 поени, Кукунешоска Б. 6, Ајдионска 3 и Кукунешоска М. со 2 поени.
Кадетките пак на ЖКК Струга 2009 овојпат поразени на домашен терен од ЖКК Петровски – Битола, ЖКК Струга 2009 – ЖКК Петровски 63:72 (13:19; 15:15; 16:17; 19:21).
Најефикасни кај стружанките беа: Зиба 26 поени, Даути 10, Дукоска Мила 9, Таранеши и Миладиноска со 8 поени, Коруноска 2 поени. Кај гостите најдобар стрелец беше Димитровска со 14 поени.
– Ова е втор натпревар со оваа генерација што дома губиме во неизвесна завршница. Конечниот резултат не ја покажува реалната слика од теренот поради тоа што на 40 секунди беше 4 разлика за гостите. Куриозитет е што на овој натпревар катастрофално шутиравме слободни фрлања 33:17 што е многу за ваков тесен натпревар, но добро е што играме силни натпревари бидејќи само така се напредува напред, вели тренерот на ЖКК Струга 2009 – Владимир Ѓоровиќ.
И сенироките го изиграа својот натпревар каде пред домашна публика беше совладана екипата на ЖКК Риниа од Куманово, ЖКК Струга 2009 – ЖКК Риниа 62:44 (19:08; 18:12; 15:06; 10:18).
Алба Муртезаи постигна 30 поени, ја пратеше капитенот Хиса со 12 поени, Зиба 7, Цинчиќ 6, Незири 4, Таранеши 2 и Миладоноска со 1 поен. Кај гостите најдобра беше Аљиљи со 19 поени.
StrugaOnline

