Амбасадата на Јапонија во Скопје во понеделник ќе потпише шест грант договори со македонски институции кои ќе обезбедат вкупно 368.626 евра помош за проекти во Македонија.
Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects – GGP) основана од Владата на Јапонија.
За Основното Училиште Свети Климент Охридски во село Драслајца, во Општина Струга, се доделени 63.676 евра за рехабилитација на училишната зграда , оради оштетувања на дрвените врати и прозорци, кои не се обновени од самата изградба во 1985 година, наставата во училиштето се одвива во отежнати услови, особено во зимскиот период кога температурите во просториите не го достигнуваат потребниот минимум.
Владата на Јапонија за овој проект доделува финансиски средства за целосна замена на вратите и прозорците на училиштето, како и инсталација на аларми системи за противпожарна заштита, со цел да им се овозможат соодветни услови за настава на учениците.
Извор: Макфакс
Facebook Коментари