Популарната претстава ,,Петар Пан-Големата Битка“ утревечер повторно пред струшката публика

- Локални
539
Популарната театарската претстава за деца и младинци  „Петар Пан – Големата Битка“ утревечер повторно ќе се игра на Кајакарско во Струга.
Станува збор за адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари во режија на Мирослав Петковиќ, а минатата година поради голем интерес во Струга се играше дури седум пати.
-,,Петар Пан – Големата битка” ќе ве однесе на едно возбудливо патување кое засекогаш ќе остане врежано во вашите сеќавања. Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга. Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час- повикуваат од тимот на претставата составен од  уметници од Струга, Куманово и Прилеп
Стартот е закажан за 20:30 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари