Порака Нова-Струга е дел од светската кампања за ставање крај на стреотипите поврзани со лицата со даунов синдром

- Локални
444

Додека светот го одбележува Светскиот ден на Даунов синдром на 21 март, Порака Нова Струга заедно со Порака Наша Куманово, Порака Неготино, Бравура Кооператива, ВОПС, и ОOУ „Никола Карев“ Кочани со училишниот спортски клуб Барни, се приклучија кон светската кампања за ставање крај на стреотипите поврзани со лицата со даунов синдром. Оваа глобална иницијатива има за цел да ја подигне свеста, да промовира прифаќање и да ги слави различните способности на луѓето со даунов синдром.

-Светскиот ден на Даунов синдром е значаен ден, бидејќи служи како платформа за застапување за правата, вклучувањето и благосостојбата на лицата со Даунов синдром. Тоа е ден за признавање на нивното вродено достоинство, еднакви права и вредни придонеси за општеството. Овие организации делуваат не само на 21 март, туку секојдневно на локално ниво се обидуваат да ги рушат стереотипите, да ги застапуваат правата на овие лица,  да поттикнат инклузија и креираат подобри и повеќе можности за социјализација на лицата со даунов синдром, изјави Росица Стојковска – Живковска, маркетинг менаџер од Порака Нова Струга.

Таа додава дека лицата со даунов синдром сакаат само да го видите во нив потенцијалот, а не попреченоста. Секој од нив може нешто, само треба да им го отвориме патот, да подадеме рака и овозможиме средина каде ќе бидат прифатени. Заедно, можеме да создадеме свет каде што секој е ценет и вклучен, без оглед на разликите.

Преку оваа кампања чија основа цел е кревање на свеноста и едукација,  низа изјави во следниве неколку дена ќе може да се прочитаат токму од лицата со даунов синдром, кои укажуваат на тоа какви стереотипи се повразни со нив.

-Крајна цел е да ги зајакнеме лицата со Даунов синдром, да го засилиме нивниот глас и да ги преобликуваме општествените перцепции, и ставиме крај на стереотипите поврзани со лицата со даунов синдром.-потрнцира Росица Стојковска – Живковска.

Следете ја кампањата на социјалните мрежи на Порака Нова – ТУКА.

Strugaonline

фото: Порака Нова

 

Facebook Коментари