„Порака Нова”, во соработка со уличното списание „Лице в лице”, ќе одржи онлајн креативен круг „Верувам, ама проверувам”

- Локални
535

„Порака Нова”, во соработка со уличното списание за одржлив развој „Лице  в лице”, ве кани на креативниот круг „Верувам, ама проверувам”  кој ќе се одржи онлајн на 28.07.2021 година, од 10 до 12.30 часот, преку платформата „Зум” (линк за  вклучување на настанот).

Дигиталните комуникациски технологии драматично го променија нашиот однос кон содржината, изворот и пренесувањето на информациите. Младите, oсобено младите со попречености се ранливи на препознавање на овие феномени, но и се мета на лажни вести и говор на омраза.

Вашето учество ќе придонесе, во прво лице да им пристапиме на предизвиците кои ги има нашето општество, а кои се на полето на медиумската писменост – лажни вести, говор на омраза, дезинформации.
Ве каниме на интерактивна двочасовна средба, во која важно ќе ни биде да кокреираме наративи со кои ќе се спротивставиме на овие негативни појави.- велат од „Порака Нова”.

Пријавувањето се врши на следниов линк.

StrugaOnline

Facebook Коментари