Послаб земјотрес кај Ресен, почувствуван и во поширокиот регион на Охрид

- Локални
1177

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, синоќа во 20:01 часот регистрира земјотрес кој потекнува од преспанското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северно од Ресен, а беше почувствуван од населението во Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Земјотресот со послаб интензитет беше почувствуван и во поширокиот регион на Охрид.

извор: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ 

 

Facebook Коментари