По иницијатива на општината Дебарца-Белчишта и градоначалникот Зоран Ногачески, новинарот и публицистот Веле Митаноски и писателот Петко Шипинкаровски, организатор на манифестацијата „Струшки книжевни средби“,на 7 јули годинава, во родната куќа на истакнатиот македонски писател за деца Ванчо Николески (1912-1980),беше откриено спомен обележје во негова чест.
Она што во минатите децении од заминувањто на Николески не го направија ниту општините ниту општинските раководства ниту пак , Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), овој пат и на општо задоволство,го реализираа споменатите институции и поединци.
Свеченоста ја отвори Веле Митаноски, чија куќа е во истото маало на Црвена Вода, до куќата на писателот Николески, а спомен обележјето го откри писателот за деца и професор по детска литература Христо Петрески,претседател на Собранието на ДПМ.Пред многубројните присутни, на ова по многу нешто значајна свечаност,за делото на писателот Ванчо Николески, зборуваше писателот Мишо Китаноски, кој меѓу другото го истакна и следнот:
„Ванчо Николески е втемелувачот и основоположникот на македонската литература за деца и еден од најплодните автори. Неговото име во македонската историја на литературата за деца е запишано со златни букви затоа што тој е автор на првата книга песни за деца „Македонче“ објавена ( 1946 ) , на првите книги поеми за деца „Мице“ и „Во полската куќичка“ ( 1947 ) и на првиот роман во македонската литература за деца ,,Волшебното Самарче“( 1958 ).Тој уште напиша и објави уште тресетина книги поезија и проза (раскази и романи,меѓу кои и романот “Гоце Делчев“) и др.
Во својот осврт за делото на Ванчо Николески, пред присутните на откривањето на спомен обележјето на родната куќа,писателот Китаноски, го истакна и ова:
„ Како до сега, така и во иднина не ќе може да се замисли творбите на Николески да ги нема во македонските читанки за основно образование,како што не може да се состави и објави ни една антологија на македонската литература за деца,без негови песни и раскази. А,тоа е доволно за неговото основополжништво и вкупно творештво,оставено во наследство на идните македонски генерации. Тој во исто време кај нас беше и најчитан автор.“
Teекст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари