Од Општина Струга информираат дека на 10.05.2017 год. , Градоначалникот на Општина Струга Мустафа Забзуни им додели потврди на 10 негователки за деца во рамките на програмата Општинско- Корисна Работа.
Негователките од 5 струшки села ги примија потврдите, со соодветното звање како негователки за деца во центар на ран детски развој- од ноември 2016 до април 2017 год. , со образложение :
‘’ Извршување на работни задачи-секојдневен прием и испраќање на децата , асистенција во извршување на културно-хигиенски навики на децата, водење грижа за безбедноста во игралната и надворешната средина, учество во игри, адаптирање на новодојдени деца , редовна комуникација со родителите, реализација на воспитно-образовни содржини, организација на приредби, посети и прошетки, водење грижа за уредноста на игралата и образовниот материјал и организација на едукативни- советодавни работилници.”
После доделувањето на овие потврди, Градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзуни потенцира дека општината ќе се ангажира за продолжување на овој проект. – стои во соопштението од Општината
Извор : Strugaonline
Фото: Општина Струга
Facebook Коментари