Повик за учесници на обука на тема ,,Граѓанско учество и партиципативна демократија“

- Локални
1003

Центарот на заедницата на Oпштина Струга, објавува повик за учесници на обука на тема ,,Граѓанско учество и партиципативна демократија,,
Обуката ќе се одржи во хотел Дрим од 09-10.11.2017 година. Обуката е наменета за ново формирани месни заедници без изградени капацитети , граѓански организации и граѓани.
Обуката има за цел поттикнување на граѓаните , граѓанските здруженија и месните организации за активно учество во животот на заедницата преку инволвирање во процесот на креирање политики и носење на одлуки на локално ниво.
Теми на обуката :
–    Право на учество во донесување на одлуки на локално ниво,
–    партиципативна демократија,
–    лобирање и застапување

Сите заинтересирани можат да пополнат пријава на следниот линк.

Strugaonline

Facebook Коментари