Лев банер Десен банер

Пожар изби во куќа во Струга – внатре имало повозрасна жена

Денеска во претпладневните  часови изби пожар  во куќа која се наоѓа позади хотелот „Дрим“ во Струга. Пожарот во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струга бил пријавен околу 11 часот, а во опожарената куќа имало и жена во поодмината возраст, при што пристигнала и Брза помош. Благодарение на брзата интервенција на екипите на ТППЕ Струга било спречено ширење на пламените јазици, опожарена е само една просторија од целата куќа. Пожарот бил локализиран во 11:40 часот и истиот е целосно ликвидиран. За гаснење на пожарот интервенирале пет пожарникари со две противпожарни возила.  Причините за пожарот се уште не се познати, а увидот е во тек.

 

Заменик командираот на ТППЕ Струга Ристе Талески, апелира до сите учесници во сообраќајот кога ќе ги слушнат сирените на противпожарно возило совесно да реагираат и да дадат предност бидејќи понекогаш се работи за секунди кои можат да значат живот.

Извор: Strugaonline

error: