Пожар во автобус на патот Кичево-Охрид, нема повредени

- Локални
391

На 20-ти мај 2023 година, во 20:31 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека настанал пожар во автобус „Неоплан“, сопственост на компанија од Охрид, управуван од 52-годишниот С.Т. од Кичево, кој без патници се движел на патот Кичево-Охрид.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари